Пред еден месец, IDC објави дека Huawei го надминал Apple и станал втор најголем производител на смартфони во однос на испорака. Сега Gartner објави слични податоци, но овој пат во однос на продажбата.

Huawei во текот на оваа година во вториот квартал остварил раст на продажбата на телефони од 38,6 проценти. Главната движечка сила, која оствари раст, беше брендот Honor, кој стана достапен на 70 пазари.

Продажните резултати на компанијата Apple се едвај сменети во однос на претходната година – разликата е помала од 1%. Интересот за iPhone X моделот се изгубил побрзо отколку за претходните врвни модели на компанијата. Дополнително, iPhone 8 и 8 Plus имаше неизвесна надградба, што уште повеќе го успорти порастот.

Во меѓувреме, продажбата на телефоните на Samsung опадна за 12,6 отсто, но компанијата е убедливо на водечката позиција. Побарувачката за водечки Galaxy модели опаднала, што ја наруши профитабилноста на Јужнокорејската компанија. Се очекува Galaxy Note9 да го ревитализира растот.

Xiaomi сега го прескокна Oppo, бидејќи продажбата на компанијата порасна за 55%. Gartner тоа го припишува на комбинираната онлајн и малопродажна стратегија на Xiaomi.

Што се однесува до оперативните системи, нема премногу измени. Пазарниот удел на iOS ја одразува продажбата на Apple, а остатокот е Android.