Технолошкиот гигант Apple, очигледно планира да издаде поголем и профитабилен смартфон. На овој начин, компанијата планира значително да ја зголеми продажбата, бидејќи iPhone X не ги исполни очекувањата.

Според последните шпекулации, Apple се подготвува да лансира трио нови смартфони во текот на оваа година. Едниот од нив ќе биде и најголемиот iPhone направен досега, потоа подобрен телефон со иста големина како сегашниот iPhone X и поевтин модел со некои од клучните карактеристики на моделот кој сите го препознаваат. Во моментов трае тестирањето на производството со продавачите, па се очекува новите телефони да стигнат оваа есен.

iPhone 8 и iPhone 8 Plus

Со екран кој е скоро 6,5 инчи, новиот голем телефон на Apple ќе биде еден од најголемите паметни телефони на пазарот. Додека телото на телефонот ќе биде со иста големина како iPhone 8 Plus, екранот ќе биде околу еден инч поголем благодарение на дизајнот од крај до крај кој се користи и во iPhone X.

Поголемиот екран се очекува да биде пред се наменет за бизнис корисници, овозможувајќи им да пишуваат електронски пораки и да управуваат со функциите на екранот полесно, како на еден вид мал таблет. Најголемиот телефон е со кодно име D33.