Со 6,44-инчен екран и моќна батерија од 5300 mAh, најновиот фаблет на Xiaomi – Mi Max 2 е идеален уред за консумирање мултимедијална содржина.

Големиот екран на Mi Max 2 нуди прегледност на неколку содржини истовремено, така што можете да гледате видеа додека користите чет-апликации, споредувате разни продукти или фаќате да белешки при читањето, при што нема потреба постојано да се префрлате помеѓу две апликации.

Моќната батерија и големиот екран се совршена комбинација, особено доколку сте заинтересирани да гледате повеќе мултимедијални содржини. Исто така, доколку користите мобилен интернет во текот на денот, нема да забележите нагло опаѓање на батеријата. Згора на тоа, Mi Max 2 нуди брзо полнење 3.0 преку USB-C.

Моделот доаѓа со 4GB RAM и 64GB меморија, Sony Exmor RS камера, стерео звук и премиум изработка од алуминиум – достапен по промотивна цена од 14,490 денари и двегодишна гаранција во продавницата на Хај Комуникации (Hi Store), единствениот официјален партнер на Xiaomi во Македонија.

Промоцијата трае до 1 септември, а моделот може да се купи во црна боја. Производите на Хај Комуникации можете да ги порачате онлајн на www.hi.mk, а можете да ги најдете и во нивната канцеларија во населба Аеродром, на бул. Трета Македонска Бригада 48 (управна зграда Раде Кончар).