Своевремено Windows 98 важеше како оперативен систем кој беше главен избор на голем број корисници, а сега за оние кои повторно сакаат да ги оживеат спомените, тој ќе биде достапен како апликација.

Девелоперот на Slack, Феликс Рајсберг е задолжен за проектот да стане реалност, а тој е базиран на постоечкиот веб проект кој ги поддржува Windows 95, 98 и уште многу други оперативни системи.

Најновата апликација не бара корисниците да направат посебен boot диск или софтвер, туку се стартува како регуларна апликација, што значи дека Windows 95 ќе биде можно да се покрене и на Windows 10.

Целосната апликација е компресирана и зафаќа 129 мегабајти, а може да се преземе со Github. Најдобрата работа е во тоа што таа ќе работи на повеќе оперативни системи, како што се macOS и Linux, а не само Windows.