Еден Apple-1 од 70-тите години на минатиот век, дел од компјутерската историја, во септември ќе се најде на аукција во Бостон.

Целосно оперативниот Apple-1, кој ќе биде понуденна аукција во бостонската куќа “RR Auction”, е еден од се на се 60 преостанати првобитни компјутери кои во 1976 и 1977 година беа проектирани и изработени од страна на основачите на компанијата, Стив Џобс и Стив Вожниак.

Компјутерот, кој по реставрацијата работи без грешка, има и оригинална тастатура од 70-те години. Тој сведочи за скромните почетоци на Купертино, седиштето на Apple во Калифорнија, кое неодамна стана првата компанија во светот чија вредност на пазарот се проценува на 1.000 милијарди долари.
tu čija se vrednost na tržištu procenjuje na 1.000 milijardi dolara.

Оригиналниот Apple-1 се продаваше за цена од 666 долари, а се проценува дека овој што е понуден на аукција би можел да достигне цена од 300.000 долари или повеќе.