Руски тролови и ботови ширеле лажни информации околу вакцините на Твитер, покажало најновото истражување на Институтот “Џорџ Вашингтон“. Користејќи тактика идентична на онаа од претседателските избори во САД во 2016 година, овие твитер профили учествувале во илјадници дискусии околу темата за вакцините.

Тимот од американскиот институт истражил илјадници твитови во периодот помеѓу јули 2014 и септември 2017, откривајќи неколку профили за кои е сега потврдено им припаѓале на руски тролови, вмешани и во американските претседателски избори од 2016 година.

“Мнозинство Американци веруваат дека вакцините се безбедни и ефективни, но судејќи според Твитер, се добива впечаток дека тука постои голема дебата. Излегува дека повеќето од твитовите против вакцините доаѓаат од профили чие потекло е нејасно. Поголем дел од овие профили се ботови, корисници или “киборзи“ – хакирани профили кои понекогаш се превземени од страна на ботови.” изјавил Дејвид Брониатовски, асистент професор при Школата на Институтот “Џорџ Вашингтон“ за инженерство и применета наука.