Поранешниот шеф на NASA, Елен Стофан вели дека возможно е во далечното минато на Марс да постоел живот, и дека тие фосили сега би можеле да се наоѓаат под прашливата почва на црвената планета, пишува The Express.

Говорејќи пред тексашкиот републикански сенатор Тед Круз, вселенскиот експерт ја дала вчудоневидувачката изјава, особено во поглед на вонземските фосили.

Стофан, која сега раководи со вселенскиот музеј на Смитсонијан во Вашингтон, повторила дека верува оти вонземските фосили се закопани длабоко под марсовската почва.

Врз основа на еволуционата историја на животот на Земјата, Стофан рекла дека животот на Марс најверојатно се развил до точката на прости микробиолошки организми.