Австралија им забрани на најголемите кинески телекомуникациски компании Huawei и ZTE да достават телекомуникациска 5G опрема, поради загриженост околу националната безбедност, пишува The Telegraph.

Компаниите се под сомневања дека овозможиле кинеско влијание и хакирање на мрежите на странски територии. Кинескиот закон предвидува компаниите да соработуваат со истражните власти.

Сепак, според официјален Пекинг, загриженоста на Австралија се користи како “изговор“ за кинеските фирми да не добијат лукративни договори во странство.