Руските научници откријa труп на древно ждребе кој е совршено сочуван во сибирскиот вечен мраз.

Фосилот откриен во регионот на Јакутија ја има сочувана кожата, косата, копитата и опашката. Јакутија е исто така позната и по вообичаените мамутни фосили откриени во длабокиот мраз.

Научниците од рускиот Североисточен федерален универзитет, кои го презентираа откритието во четвртокот, изјавија дека ждребето е проценето дека датира од пред 30.000 до 40.000 години. Тие веруваат дека тоа имало околу два месеци кога умрело.

Семјон Григорјев, шеф на Музејот на мамути во регионалниот главен град Јакутск, истакна дека тоа е најстарото зачувано античко ждребе што е пронајдено досега.

Ждребето било откриено во кратерот Батагаика, огромна стометарска длабока депресија во источно-сибирската тајга.