Маск на социјалните мрежи потврди дека наскоро за јавноста ќе биде отворен првиот тунел во кој сите заинтересирани ќе го искусат транспортот на иднината.

Визијата на Маск за ултра-брз транспорт вклучува тунели, а првиот од нив ќе биде отворен веќе во декември. Поточно, 10 декември, кога на јавноста ќе и биде преставен тестниот тунел во Хоторн, Калифорнија.

Станува збор за тунел со вкупна должина од 3,2 км, кој го поврзува паркингот на SpaceX со 120-та улица. Тунелот е изграден со цел истражување и развој, а од 11 декември, сите заинтересирани страни ќе се запознаат со овој иновативен транспортен систем познат под името Loop. Возењето се базира на автономни капсули со капацитет до 16 патници кои патуваат по шини и се движат со брзина до 250 km/h. Тука е и Loop лифтот што ги подига и ги спушта овие возила, а самото возење е бесплатно.

Boring Company планира Chicago Express Loop кој би го поврзувал центарот на градот и аеродромот O’Hare, а патувањето би траело само 12 минути.