Во иднината, ветробраново стакло на вашата кола може да биде огромна камера која што ќе приметува објекти на патот. Истото важи и за прозорците во вашите домови, каде што повеќе нема да бидат потребни сигурносни камери, туку секој прозорец ќе биде една џиновска камера.

Инженери од универзитетот на Јута открија начин како да направат камера без оптички леќи. Камерата може да се направи од обично стакло или било кој друг материјал што пропушта светлина.

Технологијата ја сочинуваат специјални фотосензитивни чипови кои што се поставуваат на рабовите од некоја стаклена површина, бидејќи кога светлината минува низ кој било пропустлив материјал минимум 1% од неа се распределува насекаде.

Со специјален алгоритам научниците овозможија оваа светлина да ја претворат во слика.

Тие користеа евтини и едноставни чипови за да покажат дека нивниот изум работи, и иако сликата беше со мала резолуција, тие покажаа дека со понапредна технологија која што веќе е достапна на пазарот можат да се прават слики и видео со висока резолуција.

Ова отвара многу нови можности во автономните автомобили кои нема да имаат потреба од голем број на камери што го опфаќаат секој агол.