По многуте пресврти и нови приказни и ситуации во кои западнаа главните ликови на футуристичката серија на HBO, Westworld во својата втора сезона, фановите веќе на големо шпекулираат околу она што може да се очекува во третата сезона.

Според порталот Bustle, со оглед на тоа што втората сезона откри дека озогласената компанија Делос експериментира со човековата свест, тоа би можело да значи дека заплетот во новата сезона би можел да биде налик оној на филмот Futureworld, односно продолжението на оригиналниот филм, снимено во 1976.

Во приказната на овој филм, компанијата Делос направи копии од светските лидери за да можат да го завладејат светот користејќи роботска технологија. Bustle додава дека третата сезона би можела да ја адаптира оваа приказна, но со една промена – наместо Делос, плановите за превземањето на светот да ги има главниот протагонист во серијата – роботот Долорес.