ViewSonic објави нов 4К гејминг монитор со ознака VX2882-4KP. Мониторот има 28-инчен дисплеј, со 4K резолуција и стапка на освежување од 150Hz.

Компанијата се одлучи за IPS панел кај овој модел, со осветлување од 300 нита. Користи 6-бит + FRC, а има и поддршка за “flicker free” и заштита од сина светлина. Покрај тоа, VX2882-4KP е подобен за конзолата PlayStation 5 и има „PS5 Ready“, ознака но работи и со Xbox Series X/S.

Од портовите, присутни се два HDMI 2.1 конектори, два DisplayPort 1.4 и USB-C порт со DP Alt режим. Мониторот е AMD FreeSync Premium сертифициран, а FreeSync распонот оди од 30Hz за HDMI портовите до 48Hz за DP и USB-C портови. Дополнителната конекција се состои од две USB-A 3.2 порта и една USB-B 3.2 порта, како и 3.5mm приклучок. На крајот, постојат и два вградени звучника од 2W.

ViewSonic VX2882-4KP е моментно достапен за продажба во Јапонија, по цена од околу 830 долари, а наскоро се очекува и на други пазари.