Голем број на компании веќе поприлично ги користат чиповите на ARM, а причината за ова е тоа што во најголем број на случаи компаниите ја користат архитектурата на ARM за своите чипови, кои можат да најдат во голем број мобилни уреди.

Во текот на оваа годинасе појавија и лаптопи со ARM-базирани чипови, а покрај ова се појавија и информации дека Apple е заинтересиран да премине на ARM на своите Mac компјутери.

Секако, тука се поставува и прашањето дали чиповите на ARM можат да понудат исто ниво на перформанси во однос на Intel, а од компанијата се уверени дека ова е можно.

Според плановите на компанијата, тие ветуваат дека ќе можат да ги подобрат перформансите на своите чипови за преку 15 проценти до 2020 година, кога очекуваат да го надминат и Intel во поглед на перформансите.

Сепак, се очекува дека Intel и другите компании нема да седат со скрстени раце за време на овој период, но доколку ARM може да го достигне нивото на Intel, тогаш со сигурност во иднина ќе има доста силни компјутери со чипови од ARM.