Првиот Apple компјутер што го направија основачите на компанијата Стив Џобс и Стив Вознијак во 1976. година е продаден за 400.000 долари на аукција одржана во САД.

Реткиот Apple-1 компјутер со куќиште направено од дрво е еден од само 200-те што се произведени и продадени, а досега имал само двајца сопственици, професор на колеџ и негов студент, на кој му го продал компјутерот за 650 долари. Заедно со компјутерот, новиот сопственик доби и оригинални упатства за употреба и касетите.

„Ова е светиот грал за колекционерите на компјутерската технологија, тоа е возбудливо за многу луѓе“, рече експертот за Apple-1, Кори Коен.

Стив Џобс и Стив Возниак и Роналд Вејн го основаа Apple на 1 април 1976 година во гаража во Калифорнија, а за да го финансира производството, Џобс го продаде своето комбе Volkswagen Microbus, додека Возниак се откажа од калкулаторот HP-65.

Компјутерите Apple-1 беа продавани за 666,66 долари, бидејќи Возниак сакаше да ги повторува броевите. Се верува дека во моментов во светот работат 20 копии од овој компјутер.

Цената од 400.000 долари не е рекорд за Apple-1, бидејќи еден примерок беше продаден во Њујорк во 2014 година за 905.000 долари.