Еден од програмите што во светот на препишувањето е од големо значење е пребарувачот Wolfram Alpha, а тука е и добро познатата апликација PhotoMath.

Македонците, за жал, се познати по склоноста за измама и препишување. Во нашите училишта и факултети се препишува на големо, што неретко го доведува во прашање квалитетот на нашиот образовен систем. За разлика од западните земји каде што мамењето на испити не се толерира, во Македонија тоа е прифатено како нормална работа и неретко поминува без никакви санкции. Она што им дава дополнителен ветар во грб на препишувачите е развојот на модерната технологија, која од ден во ден станува се подобра и на препишувачите значително им ја олеснува работата на препишување.

Појавата на вештачка интелигенција ќе го дигне целиот систем на пронаоѓање на квалитетни информации на едно ново ниво. Со тоа ќе се олесни пронаоѓањето на квалитетни информации, на луѓето ќе им овозможи подостапно знаење, но истовремено и на препишувачите им овозможува поедноставно и побрзо препишување. Еден од програмите што во светот на препишувањето е од големо значење е пребарувачот Wolfram Alpha, а тука е и добро познатата апликација PhotoMath.

И едниот и другиот софтвер имаат основна задача за помош во учењето и колекционирањето на знаењето. Но, тоа што значително ја олеснуваат работата на учење, со себе го врзува и фактот дека значително го олеснуваат и процесот на мамење на испитите. Како што напредуваат софтвероте, со нив расте и бројот на можностите. Wolfram Alpha веќе со години е симбол за пребарувач наменет за учење.

Се работи за софтвер кој зад себе има голема база на стручно знаење, кое со помош на пребарувачот е многу лесно да се истражи. Од друга страна, PhotoMath дава решение и постапка на математички задачи, само со помош на фотографија од задачите. Двата система се покажаа како успешни во мамење на испитите, па во иднина професорите ќе имаат полни раце работа за да ги спречат потенцијалните препишувачи