CNET открива дека OnePlus е на пат да направи голем пробив на американскиот пазар и за прв пат ќе биде партнер со локален оператор.

Според веб-страницата, тоа ќе се случи со излегувањето на OnePlus 6T во октомври, кој во САД ќе се нуди ексклузивно во мрежата на T-Mobile и ќе вклучува специјално оптимизиран софтвер за телекомот.

Со тоа станува јасно дека цената на телефонот ќе биде повисока од онаа на OnePlus 6 – се споменуваат 550 долари, што ќе биде мало зголемување во однос на сегашните 529 долари.

Ова воопшто не изненадува, бидејќи во текот на годините цената на производите на OnePlus растеше постојано. Влегувањето на кинескиот бренд во продавниците на T-Mobile може значително да ја зголеми нејзината корисничка база.

CNET наведува дека OnePlus се уште е во процес на одобрување на телефонот од T-Mobile, па партнерството уште не е конечно, но претпоставуваме дека е прашање на време за завршување на процедурите.