Во францускиот град Тулуз, Hyperloop Transportation Technologies започна да го гради првиот целосен супер-брз транспортен систем. Мрежата во југозападна Франција ќе биде долга 320 метри, а ќе биде направена за превоз на луѓе и стоки и мора да биде завршена до крајот на годината. Потоа, во 2019 година, ќе се направи втор дел во должина од еден километар.

Тулуз е четврти град по големина во Франција, а исто така е центар на неколку транспортни и авијациски гиганти, вклучувајќи го и „Airbus“.

„Пред пет години, си поставивме задача да го решиме најактуелниот транспортен проблем: потребата за ефикасност, удобност и брзина. Денес правиме важен чекор кон постигнување на оваа цел“, велат од компанијата.

Основана во 2013 година, денес HyperloopTT има 800 инженери и се здружи со над 40 универзитети.