Google официјално објави повеќе детали за Android 9.0 Pie (Go Edition). Ова е лесна верзија на платформата за поевтините паметни телефони. Првите уреди кои работат со неа ќе се достапни на пазарот до крајот на есента. Компанијата потврди дека главната разлика е поврзана со фактот дека Android Pie Go ќе бара многу помалку вградена меморија. Првичните податоци откриваат дека системските датотеки ќе бидат за прибилижно 500МБ помали спрема Android Oreo Go, пренесе „Покет Линт“
Другите големи подобрувања ќе бидат поврзани со брзината на подигнување на оперативниот систем. Освен дека е побрз Android Pie Go ќе ги предложи и најновите ажурирања во сферата на безбедноста. На крајот, тоа ќе им овозможи на повеќе луѓе да имаат пристап до новите функции во платформата, но исто така на најдобар начин ќе обезбеди безбедност на паметните телефони од ниската ценовна класа. Платформата исто така ќе им овозможи на корисниците да работат со основната верзија на Android.
Првиот Android Pie Go паметен телефон ќе биде достапен до крајот на годината. Масовниот прилив на слични уреди нема да се случи до 2019 година. Постојат над 200 различни модели на водечки производители кои се продаваат во повеќе од 120 земји, кои се компатибилни со Android Pie Go. Имаме сите причини да веруваме дека нивниот број ќе се зголеми понатаму во наредната година. Останува да се види кој ќе биде првиот паметен телефон со Android Pie Go.
Поврзани артикли