Јужнокорејската компанија Samsung планира да инвестира околу 20 милијарди долари за развивање технологии и системи за вештачката интелигенција и тоа во следните три години. Според информациите од медиумите во светот, оваа инвестиција е само мал дел од целосната, која ќе изнесува 161 милијарда долари, која ќе оди во насока на развој на компоненти и технолошки капитални инвестиции.
Претходно споменатите 20 милијарди главно ќе бидат вложени за развој на различни видови технологии за нови автомобили, фармацевтската индустрија и други технолошки делови од кои ќе може да се конструираат и создаваат машини со вештачка интелигенција, како и 5G технологијата. Од Samsung најавија дека со овие инвестиции ќе се отворат и дури 40 илјади работни места во текот на следните три години, а дури 1.000 од позициите ќе бидат за истражувачи за вештачка интелигенција, кои ќе бидат вработени во нивните центри на повеќе места во светот.
Оваа објава на јужнокорејскиот гигант доаѓа откако тие ги објавија своите заработки од минатата година, кои покажат дека во последниот квартал имале најмал раст во последните четири години. Според нив, намалувањето во заработките се должи на пониската продажба на паметни телефони во последниот период, односно нискиот интерес за најновиот модел Galaxy S9. Се очекува Samsung во најбрз можен рок да го објави и најновиот модел на Note 9, со кој се надева дека повторно ќе се зголеми продажбата.