Новиот „Ај-Пејс“ го става „Јагуар“ во првите редови во револуцијата на електричните автомобили, соопштија од автомобилската компанија.

Дизајниран од самиот почеток како електричен автомобил, „Ај-Пејс“ нуди софистициран аеродинамичен дизајн и внатрешен простор за пет возрасни луѓе и багаж. Сите тркала се движат од два „Јагуар“ мотори со комбинирана моќност од 400 КС и вртежен момент од 696 Нм со забрзување од нула до 100 километри на час за 4,8 секунди.

Литиум-јонската батерија од 90 кВх обезбедува 480 километри километри, со EВ оптимизација на пат. Специјалната алуминиумска архитектура ја поддржува најотпорната на виткање каросерија на „Јагуар“, со распределба на тежината од 50:50.

„Ај-Пејс“ се полни од нула до 80 проценти за само 40 минути, а 15-минутно полнење обезбедува до 100 километри на патот, прецизираат од производителот.

Во прилог, интелигентните поставувања со користење на алгоритми за вештачката интелигенција го прилагодуваат „Ај-Пејс“ кон индивидуалните преференции на возачот. Исто така, постојат и безжични надградби за најновите верзии на софтвер.

„Ај-Пејс“ се нуди од 1 март во верзии „S“, „SE“ и „HSE“, како и во верзијата „First Edition“ – сите инспирирани од дизајнот на оригиналниот концептуален автомобил.