Автомобилската компанија Ford го произведе 10 милионитиот Mustang автомобил, најпродаваното спортско возило во Америка во последните 50 години и најдобро продаван автомобил во светот во последниве три години.

Десетмилионитиот Ford Mustang е кабриолет 2019 Wimbledon White GT V8, со 460 КС и 6-брзински рачен менувач. Опремен е со најнова технологија за помош на возачот и е произведен во фабриката во Мичиген.

Првата серија Mustang (VIN001) е произведена во 1964 година, во иста боја и беше модел со три-степен мануелен менувач и V8 мотор со 164 коњски сили.

„Mustang-от е срцето и душата на оваа компанија и е фаворит во целиот свет. Го доживеав истото чувство кога го видов ова возило по улиците во Детроит, Лондон, Пекинг исто како тоа што го имав кога го купив мојот прв автомобил – Mustang coupe од 1966 година, кога се возев низ целата земја како тинејџер. Името Mustang извлекува насмевка на секој јазик“, вели Џим Фарли, претседател за глобални пазари во Ford Motor Company.