Во Камбоџа има мост кој е целосно изработен од бамбус и го поврзува островот Ко Пен со градот Кампонг Чам. Локалните жители имаат традиција – секоја година пред дождовната сезона, мостот од 50.000 бамбусови гранки се расклопува и повторно се гради од почеток. По овој чуден мост не се движат само пешаци, туку и велосипеди, мопеди, па дури и автомобили!
Ремек-делото е долго 300 метри и се наоѓа во источниот дел на Камбоџа преку реката Меконг. Тој се смета за најдолг бамбусов мост во светот.