Компаниите Shell, Bosch и Volkswagen претставија производ наречен Син бензин (Blue Gasoline), кој може да се преведе и како еколошки бензин 

Новото гориво содржи 33% обновливи суровини и е компатибилно со моторите Е10.

Еден од најтешките предизвици со кои се соочуваат производителите на автомобили се однесува на намалување на штетните емисии предизвикани од работата на моторите со внатрешно согорување. Како што сега стојат работите, компаниите немаат друг избор освен електрифицирање на палетата производи и дополнително зајакнување на системот за прочистување на издувните гасови.

Но, не е сè до моторот. Потрошувачката на едно возило зависи и од квалитетот и степенот на абење на гумите, но и употребеното гориво. Колку и да изгледа апстрактна идејата за чист бензин, Shell, Bosch и Volkswagen штотуку преставија ново гориво произведено со употреба на обновлива енергија. Благодарение на овој извор на енергија, неговото согорување ослободува драстично помалку CO2.

Ова еколошко гориво или Blue Gasoline е бензин со ниска содржина на јаглерод и се произведува во една третина од обновливи суровини, на кој начин неговото производство е значително поеколошко од конвенционалните горива.

Во споредба со стандардниот бензин, важно е да се нагласи дека еколошкото гориво е причина за една петтина помалите штетни емисии на јаглерод диоксид. Најдобро од сè, „зеленото“ гориво е во согласност со EN 228 / E10 стандардите, што го прави уште постабилно. Соодветно на тоа, секој мотор што користи бензин Super 95 E10 може да го користи и овој нов бензин.

Најавата дека Bosch ќе понуди и ваков вид бензин на своите бензински пумпи, почнувајќи од овој месец, е секако одлична вест. Првата бензинска пумпа на која ќе се точи вакво гориво е изградена во Швајбердинген. За жал, другите земји ќе мора да го чекаат некое време.

Покрај добрите карактеристики поврзани со емисијата на штетни гасови, почистото гориво не ги загрозува перформансите на возилото на кој било начин, така што автономијата нема да биде поскромна.

Bosch нагласува дека горивата со ниско ниво на јаглерод не се создадени за да се создаде замена за електромобилноста, туку може да се каже дека се додаток на тој концепт. Може да се разбере дека горивата од овој тип може да се користат и во транспортните средства кои се големи потрошувачи, како што се бродови, авиони и други тешки возила.