Шведскиот производител на автомобили Volvo, особено познат по безбедносните карактеристики на возилата и уникатниот стил, сега работи на зајакнување и на онод дел од репутацијата кој е поврзан со промовирање карактеристики специфични за сопственикот на возилото. Претставениот проект е веќе имплементиран во реалноста

Комбинирајќи го препознатливиот чист дизајн и најсовремената технологија што Volvo вели дека ја вградил во електричен кросовер наречен C40 Recharge, производителот одлучи да претстави гаража што одговара на нивниот модел. Дизајнот е на компанијата Garage Living во соработка со шведскиот бренд Volvo и агенцијата за недвижности Compass. Првиот недвижен имот, кој беше создаден како резултат на работата на луѓето ангажирани во овој сојуз, веќе е достапен за секого.

Проектот наречен Recharge Garage (гаража за Volvo C40 Recharge) е изведен во склоп на луксузна езиденција во комплексор наречен Desert Palisades, изграден во Палм Спрингс и е наменет за едно семејство. За жал, целиот простор за живеење не е претставен на јавноста, но речено е дека гаражата вклучува голема дополнителна работна површина со соодветна опрема, маси на преклопување и работна плоча.

Просторијата на сопственикот му нуди забавна содржина која интегрира модерен паметен телевизор, збогатен со висококвалитетни звучници Bowers & Wilkins, како и решенија за оптимално искористен простор за складирање на секаков вид опрема и облека, вклучително и предмети кои вклучуваат активен животен стил.

Од гледна точка на електричниот автомобил, Recharge Garage се карактеризира со истовремено присуство на три Volvo брендирани терминали за полнење на батериите од второ ниво, како и инсталирање на соларни панели инсталирани на покривот.

Како што замислиле авторите на проектот, овој систем ќе му овозможи на сопственикот на електричен автомобил безболно и целосно да ги напушти јавните станици за полнење, барем кога не сте некаде на пат. Воедно, архитектите сметаат дека со развојот на вака замислената гаража успеале да покријат поширок опсег на потреби на станарите и сопствениците, односно дека создале мултифункционален простор.