1. Проверете ја оддалеченоста

Ако го користите Google Maps во веб-прелистувачот, можно е едноставно да се провери оддалеченоста помеѓу две локации. Со десен клик притснете било каде на мапата и изберете ‘Measure Distance’ или Измери ја оддалеченоста. Потоа кликнете било каде на друго место за да ја дознаете оддалеченоста.

2. Дознајте го времето на чекање во омилениот ресторан

Пред да одлучите да отидете на вечера, можете да го проверите Google Maps за да заштедите на време. Само пребарајте го името на ресторанот на вашиот прелистувач на десктоп или во апликацијата Maps за iOS и Android. Потоа скролајте до листата Popular Times и проверете го времето во кој сакате да го посетите локалот или ресторанот. Таму ќе видите колку долго морате да чекате пред да дојдете на ред.

3. Уфрлете повеќе од една дестинација

Google Maps воглавно го користиме за едноставни патувања од точка А до точка B, но прилично едноставно на патувањето на му додадете неколку екстра одредишта. Се што треба да направите е да ја притиснете плус иконата под вашата дестинација. На Android и iOS само притиснете ги трите хоризонтални црти во горниот десен агол и изберете ‘Add Stop’.

4. Проверете колку долго ќе се возите со велосипед

Постојат малку работи иритантни како сретнување со рампа или ѕид кога ќе одлучите да возите велосипед до некоја одредена локација. За да си го олесните животот и повнимателно да ја планирате рутата, секогаш наместо упатствата за автомобили можете да ја изберете онаа за велосипеди. Ќе видите графикон кој прикажува навалување на секој дел од патеката, како и алтернативни патишта кои ќе ве доведат до дестинацијата. Корисно!

5. Проверете каде сте патувале

Сакале или не, Google Maps ве следи каде и да одите. Информацијата за вашите патувања ќе можете да ги проверите на оваа страница. Ако ве уплаши количината на детали кои Google ги знае за вас, само изберете го подесувањето на историјата на движење под ‘Manage Location History’ и таму спречете го понатамошното следење.