Во Зимбабве луѓето често се соочени со недостаток на струја и често користат оган од дрва како извор на енергија.

Ова доведува до зголемено сечење на шумите со што директно се влијае на глобалното затоплување.

Средношколецот Мекдоналд Чирара од Зимбабве за да го реши овој проблем користејќи најобични материјали пронајдени дома произведе систем кој што користи био-гас за да произведе струја.

Био-гасот го добива од животински измет и тип на растение кое што брзо се распаѓа и испушта големи количини на метан.

“Био-гасот има потенцијал да достави чиста и обновлива енергија што ќе ги одржува домовите во Зимбабве, па дури и цела Африка,“ Чирара изјави.

Неговиот уред создаде струја која што беше измерена на 1.5 волти.

Додека би се користел истиот уред во поголем размер тој би можел да снабди со енергија многу домови низ државата што не се поврзани на националната инфраструктура, а исто така може да се користи и како резерва во случај на прекин во оваа инфраструктура.

Чирара за неговиот изум беше награден со 500 долари кои што планира да ги инвестира во произведување на поголем и поефикасен уред што произведува струја од био-гасови.