Kомплексот Benban, којшто се гради во египетската западна пустина на 400 километри јужно од главниот град Каиро ќе биде најголемиот соларен парк во светот и ќе се отвори следната година.
Соларните централи на комплексот ќе бидат оперирани од 4.000 работници и ќе генерираат околу 1,8 гигават електрична енергија, што пак ќе обезбеди енергија за стотици илјади домаќинства, но и деловни субјекти.
Проектот е вреден 2,8 милијарди долари и покрива најмалку 42% од енергијата на земјата од обновливи извори до 2025 година.
Светската здравствена организација неодамна го позиционираше Каиро на второто место на листата најзагадени големи градови на светот.