Веќе неколку месеци, на интернет се шпекулира дека Apple се подготвува да објави iPhone модели со поддршка за две SIM картички.

Во последната бета верзија од iOS 12 има сериозни знаци за поддршка на повеќе од една картичка. Системската компонента одговорна за генерирање на дијагностички извештаи веќе има повикување кон статусот на втората SIM-картичка, како и статусот на вториот слот за SIM-картичка.

Друга компонента, исто така, споменува „уред со 2 SIM картички“. Сето ова води до заклучок дека Apple сериозно се подготвува за таков паметен телефон.

Гласините велат дека овој модел да бидат достапен на глобално ниво, туку само на одредени пазари каде што има поголем интерес за уреди со повеќе SIM картички.