Во ноември 2017 година, научниците го насочија космичкиот телескоп на НАСА на објектот наречен “Омуамуа“ – првиот познат вселенски објект кој го посетил нашиот Сончев систем. Инфрацрвениот Спицер телескоп беше еден од многуте телескопи кои беа насочени кон “Омуамуа“ во неделите по неговото откривање, пишува Science Daily.

“Омуамуа“ беше премногу слаб за да биде забележан од Спицер по повеќе од два месеца по неговото најблиско приближување до Земјата на почетокот на септември минатата година. Сепак, тоа незабележување постави нова граница за големината на овој чуден објект. Резултатите од набљудувањето биле забележани во една нова студија објавена во Астрономскиот весник и изработена од страна на научниците во лабораторијата на НАСА за авиони во Пасадена, Калифорнија.

Означувањето на новата големина е во согласност со наодите од истражувачкиот труд објавен претходно оваа година, а во кој се укажува дека ослободувањето на гас е одговорно за малите промени во брзината и насоката на “Омуамуа“.

“Омуамуа беше полн со изненадувања уште од првиот ден, па затоа бевме желни да видиме што може да покаже Спицер“, изјавич Дејвид Трилинг, главен автор на новата студија и професор по астрономија на Универзитетот во Северна Аризона. “Фактот дека Омуамуа беше премногу мал за Спицер да го открие е всушност многу вреден резултат“.

“Омуамуа“ за прв пат бил откриен од страна на Универзитетот на Хаваи, од Pan-STARRS 1 телескопот на Халекала, Хаваи (името на објектот е хавајски збор што значи “посетител кој доаѓа од далеку“), во октомври 2017 година, додека испитувал астероиди во близина на Земјата.

Последователните детални набљудувања од повеќе телескопи од Земјата, меѓу кои и телескопот Хабл откриле дека сончевата светлина се рефлектира од површината на “Омуамуа“. Големите варијации во осветленоста на објектот сугерираа дека “Омуамуа“ е многу издолжен и веројатно е помалку од половина милја (2.600 стапки, или 800 метри) во должина.

Science Daily додава дека Спицер ги следи астероидите и кометите користејќи ја инфрацрвената енергија или топлината што ја зрачат, што може да обезбеди поспецифични информации за големината на објектот, отколку што тоа го прават оптичките набљудувања на рефлектираната сончева светлина.