Експертите од агенцијата НАСА, Јужна Кореја и Европската вселенска агенција работат на „констелација“ на инструменти кои ќе се најдат во вселената, а со цел да го следат загадувањето на воздухот на Земјата.

Новите инструменти би требало да понудат извештаи кои ќе пружаат повеќе детали од сите системи кои моментно постојат, а научниците ќе добијат прилика прв пат да го следат квалитетот на воздухот од вселената, и тоа преку податоци кои на матичната плоча ќе пристигнуваат на секој час.

Првиот инструмент е лансиран на 18. февруари, а се работи за Geostationary Environment Monitoring Spectrometer (GEMS), кој покрај квалитетот на воздухот ќе ја следи и состојбата на површината на океаните. НАСА планира до 2022. година во орбитата да испрати речиси идентичен инструмент, додека Европската вселенска агенција до 2023. година во вселената ќе испрати дури два инструмента. Благодарение на овој систем, меѓу останатото, полесно ќе се следат и периодничните загадувања, како оние кои се случуваат во урбаните средини, кога најголем број на граѓаните заминуваат, или се враќаат од работа.