Со Samsung DeX, долготрајна батерија и подобрено S пенкало, Samsung Galaxy Tab S4 ја олеснува продуктивноста и овозможува неверојатна забава – во секое време, каде и да се наоѓате
Компанијата Samsung го претстави Galaxy Tab S4 – новиот 2 во 1 Андроид таблет дизајниран за луѓе кои сакаат да го искористат секој миг и да завршат повеќе работни обврски без разлика на тоа каде се наоѓаат – во домот, на работа, или на било која друга локација. Galaxy Tab S4 овозможува корисничко искуство кое помага при попаметно работење, одржувајќи го работниот перформанс на највисоко ниво. Со модерен дизајн, извонреден екран, четири звучници и подобрени функции за забава, Galaxy Tab S4 е совршен уред за оние кои имаат потреба од пренослив уред – таблет со можности и карактеристики како компјутер.
“Ние во Samsung веруваме дека таблетите играат важна улога во олеснувањето на животот и подобрувањето на мобилното искуство за сите. Со Galaxy Tab S4 претставуваме премиум таблет, опремен со Самсунг ДеЕИкс (Samsung DeX) кој им помага на корисниците да го дадат најдоброто од себе, без разлика каде и да се наоѓаат. Со нетрпение очекуваме да им овозможиме на нашите корисници чувство на слобода и удобност, знаејќи дека ова ново надополнување на нашиот екосистем од поврзани уреди е исто така составен од функции кои ќе им помогнат да внесат забава во своето секојдневие.” – изјави ДЈ Кох (DJ Koh), Претседател и Извршен Директор во Samsung.
Продуктивност со помош на Samsung DeX и S Pen
Со Galaxy Tab S4, Самсунг за прв пат овозможува користење на Samsung DeX со таблет. Новиот Galaxy Tab S4 овозможува користење на Samsung DeX со поврзување на “Book Cover Keyboard“ тастатурата во облик на футрола (во продажба поединечно) или со лансирање преку панелот за брз пристап (Quick Panel), притоа овозможувајќи им на корисниците да одберат Андроид изглед или десктоп искуство. Со помош на Samsung DeX, можете да отворите повеќе апликации кои наликуваат на оние на персоналните компјутери, вклучувајќи ги и Андроид апликациите и Microsoft Office пакетот, директно на Galaxy Tab S4. По потреба овие прозори исто така може и да се намалат или зголемат, а содржината можете да ја повлекувате и “пуштате“ (drag&drop) од една на друга апликација, а воедно, можете да користите и кратенки и команди преку тастатура. Доколку е потебен поголем екран, постои можност новиот Galaxy Tab S4 преку Samsung DeX да се поврзе со надворешен екран со користење на компатибилен “HDMI“ кабел со УСБ-Ц адаптер со повеќе влезови. Вака поврзан, Galaxy Tab S4 може да се користи за следење на активност или како уред за скицирање, и како новина, Galaxy Tab S4 може да продолжи да работи како целосно функционален Android таблет, овозможувајќи им на корисниците два екрани за завршување на задачите. Сега е многу полесно да се работи на повеќе задачи истовремено и да се соработува со колегите во изработка на документи во реално време.
Без разлика дали се наоѓате на работното место, во домот, или сте во движење, Galaxy Tab S4 ве следи во секој чекор со помош на батеријата со капацитет од 7,300mAh која овозможува до 16 часа видео репродукција. Дополнително, со Samsung Knox, платформата на Samsung за заштита и мобилна безбедност, корисниците и компаниите може да бидат сигурни дека нивните доверливи информации се заштитени на неколку нивоа во рамки на самиот уред. За зголемена продуктивност, Компаниите може да го адаптираат интерфејсот за вработените во согласност со нивните деловните потреби.
Samsung S Pen пристигнува во самото пакување со Galaxy Tab S4 за да ги задоволи потребите за уште поголема продуктивност. Со негова помош, корисниците може да уживаат изразувајќи ја креативноста и комуницирајќи на одличен начин. “С“ Пенкалото овозможува запишување на белешки и кога корисникот е во движење, со помош на “Screen-Off Memo“ функцијата. Воедно, на едноставен начин, преку функцијата “Samsung Notes“, може да се прелистуваат, преведуваат и организираат белешките и дополнително, да се испраќаат персонализирани пораки преку “Samsung Live Message“ – сѐ со помош на S Пенкалото.