XPS 15 е новиот модел на Dell во форматот 2-во-1 лаптоп кој може да биде и таблет. Минатата година Dell претстави 13 инчен модел, но годинава на пазарот го нуди поголемиот модел, кој не е само поголем во димензиите и екранот, туку е и помоќна машина.

Лаптопот ќе има одлични перформанси благодарејќи на хардверските компоненти. Најслабата варијанта ќе има i5 процесот од Intel (8-ма генерација), 8GB RAM, 128GB SSD внатрешна меморија, како и екран со резолуција од 1920 на 1080 пиксели. Најмоќната верзија ќе има i7 Intel процесор (8-ма генерација), 16GB RAM, 1TB SSD внатрешна меморија и екран со 4К резолуција. Уредот ќе поседува 4 приклучоци за UBS-C, читач за мемориски картички, како и приклучок за слушалки.

Лаптопот ќе започне да се продава на пролет, а цената за најслабата варијанта ќе биде 1.300 долари.