Ново истражување покажа дека движењето на очите го изразува вашиот карактер. Научниците искористија најнова вештачка машина која што користи алгоритми за учење за да покажат поврзаност помеѓу вашиот карактер и очите.

Истражувањето покажа дека движењето на очите открива дали сте комуникативен, претпазлив или љубопитен. Заедно со софтверот кои што го создадоа, оваа вештачка машина успешно може да ги препознае основните карактерни одлики како екстровертност, невротичност, усогласеност и совесност.

Научниците се надеваат дека технологијата ќе се искористи во интерактивни машини кои што ќе можат да се прилагодат на карактерот на нивниот корисник за да остварат подобра комуникација.