Американскиот технолошки гигант Facebook открил координирана политичка кампања за интервенција на изборитe во САД, пишува “Њујорк тајмс”. Кампањата вклучувала десетици лажни профили и страници.

Но, американската компанија не може да ги поврзе лажните профили со руската Агенција за интернет истражување, која се верува дека е главниот осомничен за интервенција на претседателските избори во 2016 година.

Во оваа недела компанијата ги известила законодавци дека е откриена кампања на Facebook и Instagram за влијаење како дел од истрагата за изборна интервенција. Претставници од Facebook истакнале пред Конгресот дека во оваа фаза не можат да воспостават дека профилите се поврзани со Русија, но постои веројатност дека Москва е вмешана.

”Сè уште сме во почетната фаза од нашата истрага и ги немаме сите факти, вклучувајќи го и тоа кој би можел да застане зад тоа”, рече компанијата. Но, ние го споделуваме она што го знаеме денес, со оглед на односот помеѓу овие лоши играчи и протестите кои се планирани во Вашингтон следната недела “, дополнуваат од гигантот.

Во пораката, исто така, се вели дека пред две недели биле пронајдени осум страници на Facebook, 17 мрежни профили  и седум профили на Instagram.Facebook додава дека барем една од лажните страници била следена од 290.000 сметки. Исто така, биле потрошени 11.000 долари за спонзорирање на речиси 150 промотивни содржини, со што овие страници станале видливи.

As part of our ongoing efforts to prevent election interference, today we removed 32 pages and accounts that were…

Posted by Mark Zuckerberg on Вторник, 31 јули 2018

„Се соочуваме со противници, кои се цврсто решени да дејствуваат, добро се финансирани и кои нема да се откажат никогаш и кои ја менуваат цело време тактиката. Тоа е како натпреавр во вооружување, ние исто така имаме постојана потреба да се подобруваме“, велат од Facebook.

„Еден од моите главни приоритети за 2018 година е да ги спречам злоупотребите во Facebook. Градиме услуги, да ги приближиме луѓето и сакам да гарантирам дека се трудиме за да не дозволиме никому да злоупотребува со нив. Затоа инвестираме толку сериозно во безбедноста – вклучувајќи повеќе вработени и подобри технологии – и работиме со органите на прогонот, како и со други технолошки компании, за да сме подобро подготвени за овие закани“, напиша во својот профил основачот на концернот и извршен директор Марк Зукерберг.

Во октомври социјалната мрежа призна дека околу 10 милиони луѓе во САД гледале спонзорирана содржина, финансирана од речиси 500 сметки, активирани од Русија пред претседателските избори во 2016 година.