Истражувачите од Универзитетот во Кардиф дошле до заклучок дека до 2100 година киселоста на океаните може да ги урне сите рекорди во период од цели 14 милиони години. Глобалната катастрофа е на пат да го уништи светскиот океан за помалку од 100 години. Оксидирањето на океаните е процес на намалување на pH вредноста, предизвикана од влегувањето на јаглерод диоксид (CO₂) во водата од атмосферата на планетата. Ацидификацијата, како глобалното затоплување, е поврзана со конкретни акции на човештвото.

Според научниците, ако луѓето не престанат да произведуваат прекумерни количини на CO₂, за 80 години нивото на pH вредноста во водата ќе достигне 7,8 (во споредба со 8,1 сега). Падот на pH вредноста за само 0,1 единица значи зголемување на киселоста за 25%.

Според Јулија Шорт од Универзитетот во Кардиф, од почетокот на индустриската ера (XVIII-XIX век), океанот апсорбирал околу 525 милијарди тони јаглероден диоксид.