Многу научници гледаат во силиконот како потенцијален материјал кој може да ги подобри можностите на модерните литиум-јонски батерии. Тврдењето никако не е случајно, бидејќи неговата употреба како анода има потенцијал да го зголеми десеткратно нивниот капацитет. Предметните вредности се пресметани во теорија, а реалната примена се отежнува поради карактеристиките на силиконот кој се оштетува многу брзо при различните циклуси на полнење, што е го прави несоодветен за таа цел.
Тим научници на Norway Institute for Energy Technology веруваат дека пронашле ефективно решение за овој проблем. За таа цел, тие создаваат нов материјал, кој е именуван SiliconX. Благодарение на него силиконот е во можност да се користи беспрекорно како функционална анода без тоа да го нарушува неговиот интегритет и овозможувајќи да се пренесува струјата во внатрешноста на батеријата, пренесоа „NewAtlas“. Самиот ефект се постигнува со додавање на минимална количина на графен.
Првичните тестови покажуваат дека SiliconX става крај на истегнувањето и „отекувањето“ на батеријата при употребата на овој материјал. Сепак, сè уште постојат ограничувања на капацитетот на создадените батерии на овој начин. Во секој случај, ќе биде потребно време пред таквите технологии да станат дел од вистински паметни телефони на пазарот. Научниците планираат да го патентираат SiliconX и се надеваат со овој метод да се зголеми до 10 пати капацитетот на батериите, што е прилично импресивно.
Поврзани артикли