Компанијата Google го демонстрираше новиот метод на логирање, со кој корисниците ќе мораат да се поврзат со специјален уред – хардверски клуч, со цел да пристапат до своите профили на компјутерот или лаптопот.

Клучот наречен Titan Security Key најпрвин ќе им биде понуден на деловните корисници на сервисот Google Cloud, а потоа и на сите кои се заинтересирани, по пат на Google веб-продавниците.

Намената на хардверскиот клуч е да ја подобри сигурноста на профилите. Корисникот ќе може да се логира на уредот само доколку неговиот хардверски клуч е во близина.

Компанијата веќе некое време нуди и други сигурносни методи, вклучувајќи верификација во два чекори преку мобилна апликација или текстуална порака.

Titan Security Key ќе биде понуден во две верзии: едната се поврзува со компјутерот преку USB, додека другиот модел користи Bluetooth за безжично поврзување со мобилниот телефон.

Уредот има специјален “firmware” со кој Google проверува дали обидот за логирање е исправен. Хардверските клучеви користат FIDO стандард, а исто така работат и на различни сајтови.

Извор: B92.net