Научниците се подготвуваат да објават „револуционерно откритие“ кое се однесува на „астрономски феномен кој никогаш досега не бил запазен“, соопшти Европската јужна опсерваторија.

Откритието кое се чува како тајна се до конференцијата за новинари закажана за денеска, се однесува на гравитационите бранови.

За овој феномен ќе зборуваат научниците што од експериментот LIGO и Virgo Coolaboration, кои работеле на него заедно со 70 тимови од опсерватории ширум светот.

Официјалното претставување на откритието ќе биде одржано во САД, Велика Британија и Германија со почеток од 16 часот по наше локално време.

Гравитационите бранови кои предизвикале катаклизмични космички настани претставуваат некоја врста на набори кои се протегаат долж ткаењето на простор-време.

Научниците во февруари минатата година го потврдија нивното постоење, а тоа откритие им донесе на физичарите Нобелова награда.

Од тогаш беа детектирани три пати, а последен пат со помош ма LIGO и Virgo инструменти.