На интернет се појавија нови фотографии од Pixel 3 XL и откриваат нови детали за поголемиот уред на Google со оперативен систем Android.

Она што се гледа уште на прв поглед е подебелиот заб на екранот на Pixel 3 XL во однос на оној што го видовме во јуни.

На фотографиите е нов бел модел кој е речиси идентичен so црната верзија која имавме прилика да ја видиме претходно. Тука е истото прототип лого на задната страна наместо вообичаената буква G на Google, а видливи се истите стерео звучници, заб, брада, една задна и две предни камери. Двобојната шема на минатогодишниот модел е заменета, така што смартфонот има целосно бела задна страна, слично како што беше случај со првиот модел Pixel XL.

Се чини дека мобилниот по големина е еднаков на минатогодишниот Pixel 2 XL, што имплицира дека Google го искористува новиот дизајн за да ја зголеми површината на екранот без големо зголемување на димензиите на уредот. Прототипот на Pixel 3 XL има стаклена задна страна, а писутна е комбинација на сјаен и мат стил под едниот стаклен панел, која стана карактеристична за семејството Pixel, веројатно поради технологијата на безжично полнење.

Pixel 3 XL ќе биде претставен во октомври.