Откако корисниците на уредите на Apple уште во март оваа година го добија dark mode на YouTube, тој сега е достапен и за оние кои користат уреди со оперативниот систем Android.
Овој темен режим може да се пронајде во секцијата General – Settings и полека се појавува на уредите на корисниците ширум светот.
Режимот ја менува главната подлога на интерфејсот во темно сива боја, додека буквите се со бела боја, а ќе биде корисен првенствено за очите на корисниците кои го користат YouTube во текот на ноќта, односно во услови на недостаток на светлина.
Исклучок можат да бидат клиповите кои заслепуваат.
Поврзани артикли