Еден од најголемите љубители на Golf е дефинитивно Австриецот Јозеф Јуза, кој во својата колекција има 114 примероци од бестселерот на Volkswagen.
Неговата фасцинација од еден од најпродаваните автомобили на сите времиња започнала кога тој за прв пат седнал зад управувачот на Golf од првата генерација.
“Кога за прв пат седнав во автомобилот, помислив дека тоа е автомобил кој е направен токму за мене”, изјавил Јозеф кој започнал да “собира” Golf модели додека во склоп на работата која секојдневно ја извршувал, возел Volkswagen Caddy од втората генерација.
Во неговата огромна колекција која на шега ја нарекува “Golf за секоја пригода”, покрај стандардните модели меѓу кои особено се истакнува неговиот прв Golf, се наоѓаат и неколку единствени примероци, а Јуза вели дека е особено горд на претпродукцискиот модел од 1974 година и Golf GTI од првата генерација кој своевремено бил доработен за неименуван принц од некоја од земјите од Блискиот Исток.
Помеѓу ретките примероци секако е и Golf G60 Limited кој е еден од 71-те примероци зад кој стои Volkswagen Motorsport.
“Различните модели на Golf ги има насекаде, а цената на транспортот до просторот во кој ги чувам често е многу поголема од самиот автомобил кој би го купил”, додал Јозеф кој својата уникатна колекција наскоро ќе ѝ ја прикаже на јавноста.
Извор: Klix.ba