„СпејсИкс“ синоќа одложи лансирање на товарната ракета Фалкон 9 поради силен ветер во високите делови на атмосферата и на море, соопшти компанијата на Елон Маск.

Ракетата требаше да испорача Драгон карго капсула со товар тежок 2.585 килограми на Меѓународната вселенска станица. Товарот е на НАСА и служи за истражување и научни експерименти во текот на следните две експедиции.

Фалкон 9 е најнова ракета на „СпејсИкс“ чиј искористен прв степен се приземјува на дрон брод за повторна употреба.

Лансирањето е презакажано за денеска.