Twitter почна да применува нов метод во борбата против интернет измамниците (скамери), така што ги гаси сите нерификувани налози на корисниците кои ќе го променат своето име во Елон Маск.

Доколку имате неверификуван профил, кој не е поврзан со вашиот број на телефон, промената на името на профилот во името на директорот на компаниите SpaceX и Tesla Motors автоматски би довело до забрана за користење на профилот.

Twitter во овој случај од корисниците бара да направат CAPTCHA тест и да го остават бројот на телефонот, за да можат повторно да му пристапат на профилот.

“Како дел од нашите постојани напори во борбата со злонамерните активности во рамките на нашите услуги, тестираме нови мерки за да се ослободиме од налозите кои користат поими кои можат да ги поврземе со непожелните кампањи”, ja пренесува The Verge изјавата на портпаролот на Twitter.

Ако потврдите дека Елон Маск навистина е вашето име, Twitter ќе ви дозволи да го задржите на својот профил.