Кинеската компанија Xiaomi објави два модели од средната класа, насловени Mi A2 и Mi A2 Lite. Тие се наследници на ланскиот успешен модел Xiaomi Mi A1. Новите модели припаѓаат на Android One проектот на Google, кој треба да овозможи корисниците да добијат квалитетни телефони за пониска цена а притоа да ги имаат најновите верзии на Android оперативниот систем, како и редовно покривање на сигурносните апдејти.

Xiaomi Mi A2

Моделот Mi A2 има екран со дијагонала од 5.99 инчи во IPS LCD технологија, Gorilla Glass 5 заштита на екранот, процесорот е Qualcomm Snapdragon 660, RAM од 4GB или 6GB, внатрешна меморија од 32GB, 64GB или 128GB, две камери на задната страна (12MP и 20MP), една камера на предната страна (20MP), батерија со капацитет од 3010mAh, но нема приклучок за слушалки.

Xiaomi Mi A2

Xiaomi Mi A2

Mi A2 Lite очекувано е со послаб квалитет, па спецификациите се помали. Екранот е со дијагонала од 5.84 инчи, има засек на екранот, процесорот е Qualcomm Snapdragon 625, работна меморија од 32GB или 64GB, две задни камери (12MP и 5MP), една предна камера (5MP), батерија со капацитет од 4000 mAh, но има приклучок за слушалки. Телефоните ќе бидат достапни во 40 држави, а цените ќе бидат од 249 евра за основниот модел на Mi A2 до 349 евра за најскапата варијанта со 6GB RAM и 128GB внатрешна меморија. Цената за A2 Lite ќе биде 179 евра за поефтината варијанта, а 229 евра за варијантата со 4GB RAM и 64GB внатрешен простор.