Извори на тајванското издание DigiTimes откриваат дека оваа година Samsung и LG прифатиле нова стратегија во однос на смартфоните и таа вклучува пуштање на колку што е можно повеќе смартфони, што е во контраст со нивните претходни намери да се фокусираат само на премиум моделите.

На овој начин, компаниите сакаат да се натпреваруваат со другите, во речиси сите сегменти од пазарот, за да ги зголемат намалените приходи од паметните телефони. Весникот посочува дека во првата половина на годината Samsung и LG веќе имаат издадено соодветно 9 и 8 нови смартфони додека во 2016 и 2017 секоја компанија имала околу 11 модели. Во прилог имало и телефони за специфични пазари.

Сето ова се случува во услови на забавување на пазарот на паметни телефони и растечките позиции на кинески брендови како Huawei и Xiaomi кои нудат уреди со подобар сооднос цена-квалитет и успеваат да го зголемат својот удел на пазарот во Азија и Европа. DigiTimes наведува дека производите на Huawei добиле добар прием во Јапонија, а освен тоа, компанијата бара начин да се пробие и во Јужна Кореја.