За исклучително кратко време е создаден гигантски ботнет од десетици илјади заразени рутери, алармираа специјалисти од компанијата за безбедност NewSky Security.

Во рамките на деноноќие, хакер со прекар „Anarchy“ има заразено 18 илјади рутери Huawei HG532, откако искористил ранливост, позната како CVE-2017-17215, пријави Ankit Anubhav на Twitter.

Хакерот сам се пофалил на компанијата за безбедност со постигнувањето, без да открива сепак за какви цели има намера да ја користи мрежата од заразени уреди.

„Anarchy“ ветил дека ќе продолжи да ја развива инфицираната мрежа, и за таа цел планира да ја користи ранливоста CVE-2014-8361 во рутерите Realtek. Можно е ботнетот да опфати стотици илјади уреди.