Нова студија открива дека мирисот на кафе наутро е доволен за мозокот подобро да работи.

Во тестовите спроведени од научници од Технолошкиот институт Стивенс од Њу Џерси, луѓето седеле во соба која мириса на кафе подобро решавале тестови откако мозокот им реагирал како да пиеле кафе.

За кафето се смета дека го намалува ризикот од срцеви заболувања, го поттикнува метаболизмот и ги намалува шансите да умреме млади.

Не е јасно дали мирисот на кафе има ист хемиски ефект на мозокот како кога луѓето го пијат.Студијата сугерира дека овде има плацебо ефект. Мозокот на луѓето, препознавајќи го мирисот на кафе, реагира слично како кога кафето се пие.кофеинот е стимуланс, што значи го активира мозокот и централниот нервен систем, го намалува уморот и ги прави луѓето будни и пофокусирани.

Истражувањата покажуваат и дека го намалува ризикот од депресија, поттикнува долготрајно памтење штити од АЛцхајмерова болест и деменција, пренесе Телеграм.

„Чулото на мирис е едно од нјсилните чула на човекот“, вели авторката на студијата професорката Адријана Маџаров.