На европскиот и на азискиот пазар, кинеската компанија Huawei објавува поголем број на модели на телефони или под сопствениот бренд или под името на подбрендот – Honor. Новиот модел Nova 3 се чини дека е комбинација на двата бренда. Телефонот има голем екран со дијагонала од 6.3 инчи и резолуција од 2340 на 1080 пиксели. Телефонот го користи најсилниот модел на процесор од сопствените погони – Huawei Kirin 970.
Nova 3 ќе доаѓа со меморија во две варијанти – 4GB или 6GB, но ќе има и внатрешна меморија од 128GB со можност за зголемување на капацитетот преку лежиштето за мемориска картичка. Телефонот ќе има по две камери на задната и на предната страна. Батеријата ќе има капацитет од 3750mAh. Засега се најавени 5 бои во кои ќе може да се купи телефонот, кој засега е достапен само во Кина, но се очекува во брзо време да се најде и на други пазари. Цената во Кина е околу 445 долари