Во последно време сè почесто се спомнуваат фрази, како лажни вести, термин што звучи многу модерно, меѓутоа во реалноста е стар колку и новинарството. Она што го стави овој термин во фокусот на денешницата е можноста за брза и широка дистрибуција на веста преку социјалните медиуми.

Со самото присуство на социјалните медиуми се согласуваме нашите информации да бидат достапни и нашиот профил да биде достапен до сите огласувачи што може да нè бомбардираат со реклами и спонзорирани текстови. Иако мислиме дека контролата е во наши раце, всушност реалноста е дека не можеме секогаш да ги блокираме сите реклами и сите пријатели што споделуваат вести на својот профил.

Навикнати да ги примаме дневните информации преку социјалните медиуми, ние сме еден вид модерни робови кои имаат илузија дека изборот е нивен. Затоа, не оставајте социјалните медиуми да ви сервираат вести, инсталирајте ја апликацијата GRID и почнете со вашиот избор на информации.

Со апликацијата можете да си направите сопствен профил за информирање, изберете кои категории и медиуми сакате да ги следите и бидете во тек со сите информации и новости што се од ваш интерес. Дополнително, сами можете да направите категории користејќи клучни зборови и да ги следите само настаните или луѓето што ве интересираат. На овој начин нема да имате непотребни реклами, нема да имате спонзорирани вести и, најважно од сè, ќе го контролирате протокот на информации што доаѓа до вас. Вие одлучувате на кои медиуми да им верувате.

Едноставна за користење, апликацијата е бесплатна и веднаш достапна на Google Playstore или, доколку имате „ајфон“, може да се регистрирате и да бидете првите што ќе ја добијат новата iOS-верзија.